Смутито е одличен освежителен пијалак богат со хранливи состојки, кој може да замени цел оброк.

Посебно во летните и топли денови, кога на никого не му е дојдено до тешка храна, добро е да имате неколку рецепти за смути при рака.
Оние со повеќе зелени намирници се одлични за чистење на организмот, цитрусните овошја се добри за спречување настинки, а оние со авокадо и банана ќе ви дадат сила и енергија.
Неколку идеи за смутија кои ќе ги пиете цело лето, а количината на секоја состојка зависи од вашата желба и вкус:
Боровница + банана + чиа семе + јогурт/павлака

Малини + какао + банана + јогурт/павлака

Банана + јогурт + овесни снегулки + јагоди + мед

Јаболка + спанаќ + ананас + авокадо

Банана + авокадо + бадеми + какао

Бадемово млеко + банана + портокал + морков

Авокадо + краставица + јогурт + свежо нане + кора од лимон + мед

Comments
Post a Comment