Во овој период од годината, ако можете, буквално во сè треба да додадете јаготки и да ја искористите максимално нивната сезона.

Овие 5 смутија се здрави, лесни за подготовка и покрај тоа што се вкусни, позитивно ќе влијаат на апетитот и линијата.
Состојките се различни, а подготовката е иста – ги ставате сите состојки во блендер и мешате 2-3 минути додека не добиете густа смеса.
Одберете го омиленото...........
Смути со овесна каша
- 1 шолја млеко од соја
- ½ шолја овесни снегулки
- 1 банана
- 14 јаготки
- ½ лажичка екстракт од ванила

Смути со портокал и банана
- ¾ чаша сок од портокал
- 1 шолја свежи јагоди
- 1 банана
- Мраз

Розово смути со киви
- 1 банана
- 10 јагоди
- 1 киви
- ½ шолја павлака или густ јогурт
- ¾ шолја сок од портокал или ананас

Смути од јагоди и ананас
- 1 шолја јагоди
- ¾ шолја млеко
- ¾ шолја сок од ананас
- Мраз
- Може да додадете и неколку парчиња свеж ананас

Comments
Post a Comment